Мики Ван де Вен за многумина е едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата, а стоперот на Тотенхем вечерва се истакна и со голгетерски квалитети покрај стандардните одбранбени вештини кои ги поседува.
Холандскиот дефанзивец постигна клучен гол за „петлите“ на натпреварот против Нотингем Форест, или поточно му донесе на Тотенхем важна победа во битката за топ четири.
Киксот на Астон Вила им овозможи на избраниците на Анге Постекогклу да избијат на четвртото место, а Тотенхем не ја испушти таа шанса и славеше со 3:1.
Автоголот на Мурилјо најави добар ден за фаворитот на овој натпревар, па иако Вуд израмни на 1:1, во вториот дел домаќините навреме реагираа и постигнаа уште два голови.
Оној на Ван де Вен беше вистинска „бомба“ и голманот на Нотингем не се помдрдна од место, а во 58-та минута погоди и десниот бек Поро за конечни 3:1.
Голот на стоперот погледнете го ТУКА