Голем скандал се случи во Турција на вечерашниот дуел помеѓу екипите на Фенербахче и Галатасарај за трофејот во Суперкупот, откако натпреварот заврши по само 50 секунди бидејќи фудбалерите на Фенербахче го напуштија теренот.
Ваквиот епилог беше и најавен, а потврда за испланираното сценарио беше фактот што на теренот истрчаа со јуниорска екипа. Станува збор за протест против Фудбалскиот сојуз на Турција поради големиот инцидент на гостувањето кај Трабзонспор, кога фудбалерите на Фенер беа нападнати од напаѓачите на противничката екипа..
Исто така, една од причините е и одбивањето на барањето да се одложи натпреварот поради обврски во Европа, како и да се ангажираат странски судии. Јуниорите на Фенербахче веднаш примија гол, а потоа го предадоа мечот. Така Галатасарај го освои трофејот, а циркусот да биде поголем тие го доиграа мечот и тоа делејќи се во две екипи заедно со сопствените резерви.
Видеото од голот и од напуштањето на теренот погледнете го ТУКА.