На квалификацискиот турнир што се одржува во Полска, нашите надежи загубија од Германија со 1-3 иако беа рамноправни во две третини од натпреварот. Првото полувреме заврши без голови, а Германците поведоа во 57. минута преку Пејчиновиќ. Во 63. минута од мечот Ѓоршиевски го израмни резултатот, но во следните 12 минути Германија преку Бишоф постигна уште два гола и дојде до победа.
За Македонија ништо не е загубено со овој пораз. На 17 октомври од 15:30, избраниците на Тони Јакимовски го играат последниот натпревар, против Казахстан и со триумф на тој меч многу веројатно сме во следна фаза од квалификациите.