Легендарниот португалски напаѓач Кристијано Роналдо (38) постигна два гола во триумфот на Португалија над Словачка (3-2) во Порто, со која домаќинот се пласира на ЕП како прв во групата на три кола пред крајот на квалификациите. Со овие голови и победа Роналдо постави серија можеби и недостижни рекорди.
Стана фудбалер со најмногу победи во кариерата, дури 780.
Тој ги собори светските рекорди по број на натпревари (202) и голови (125) за репрезентацијата. Со двата гола против Словачка стигна до 857 гола во кариерата. Понатаму, тој даде 100 голови во три децении. 2000-тите ги заврши со 206 гола, 2010-те со 550 и со овие два гола против Словачка стигна до 100 гола во 2020-тите.
Откако наполни 30 години, постигна толку многу што би бил најдобар стрелец во историјата на Германија, Франција, Шпанија, Италија, Англија…
Сето ова е импресивно, но нешто друго звучи навистина нереално. Роналдо постигна 73 гола за Португалија откако наполни 30 години. Само оние голови што ги постигна во наводниот залез од кариерата и сега веќе на самиот почеток на ветеранските години, би го направиле најдобриот стрелец во историјата на Германија, Франција, Шпанија, Италија, Англија и уште 187 репрезентации.
Со головите за синоќешната победа Роналдо стана првиот играч во историјата кој ќе игра на шест европски првенства.
Португалија пред Роналдо се квалификуваше на само три од 17 светски првенства и три од 11 европски првенства. Од почетокот на ерата на Роналдо има 5/5 пласмани на Мундијалот и сега 6/6 пласмани на ЕВРО.