Светскиот фудбал доби нов рекордер во средината на октомври 2023 година. На 16-годишна возраст, тинејџерот Ламине Јамал стана најскапиот млад играч во историјата на фудбалот.
Според новата цена ажурирана синоќа, Јамал сега вреди околу 50 милиони евра, а е роден на 13 јули 2007 година.
Стана најмладиот стрелец во историјата на Шпанија, како и на Барселона, стана стандарден првотимец и неговата цена од ден на ден вртоглаво расте и ова е само почеток.
На последното ажурирање во август Јамал вредеше 25 милиони евра, па неговата вредност се удвои за само два месеци.
Така, официјално во светот на фудбалот немаше помлад играч кој имаше вредност од 50 милиони евра. Чудото на Барселона го направи токму тоа на 16 години и три месеци.
Неговата статистика е неверојатна, а веќе има 21 настап за младинските селекции на Шпанија, во дури четири категории. Играше за репрезентациите У15, У16, У17 и У19 на црвената фурија.
Оваа сезона тој веќе забележа 11 настапи во дресот на првиот тим на Барселона, постигна еден гол и забележа две асистенции. Во јули оваа година, кога наполни 16 години, го потпиша првиот професионален договор со Барселона.