Екипата на Аталанта победнички ја почна новата сезона, со убедливи 4-0 триумфираше на гостувањето во Лече, а во центарот на вниманието беа двата нови фудбалери на клубот од Бергамо, Марко Брешанини и Матео Ретегуи.
Резултатот го отвори Брешанини со гол во 35. минута, а десет минути подоцна Ретегуи даде гол за 2-0. Тоа беше резултатот од првиот дел.
Во второто полувреме беше променет редоследот на стрелците, Ретегуи погоди во 57. минута за 3-0, а десет минути подоцна Брешанини ги постави конечните 4-0.