Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ минатото лето направи трансфер од Челзи во Манчестер сити, потег кој се покажа како одличен како за тренерот на Граѓаните така и за хрватскиот репрезентативец. Ковачиќ брзо се вклопи во составот на Сити и уште во првата сезона ја освои титулата во Премиер лигата.
Дека ќе биде еден од најзначајните играчи на Сити, Ковачиќ покажа со голот што го постигна во победата над Челзи на гости со 2:0.
Во 84-тата минута, на средината од теренот тој пресече една топка на противникот и тргна во продор. Успеа да помине еден, па уште еден противнички играч и на крајот да постигне прекрасен гол, кој може да го видите ТУКА.
Медиумите во Англија потенцираат како Ковачиќ ги надмудрил токму двете големи засилувања на Челзи кои беа доведени за да ја контролираат играта во средниот ред.
Челзи го продаде Ковачиќ во Сити само за 29 милиони евра, а потоа ги купи Мојсес Каиседо од Брајтон за 116 милиони евра и Енцо Фернандес од Бенфика дури за 121 милиони евра. Овој двоец на Челзи заедно вреди 237 милиони евра, но тие не можеа да го спречат продорот на Ковачиќ за постигнување на голот за 2:0.
Хрватскиот репрезентативец во знак на почит кон Челзи не сакаше да се радува на голот, но факт е дека играчот кој Челзи го продаде само за 29 милиони евра, буквално ги матира скапо платените ѕвезди кои дојдоа токму на неговата позиција во лондонскиот тим.