Екипата на Милан оствари убедлива победа (5-1) над Калјари и се зацврсти на втората позиција на табелата во Серија А.
Бенасер ја отвори серијата во 36.минута, а Кристијан Пулишиќ зголеми на 2-0 во 59.минута.
Нандез во 63.минута постигна гол за Калјари, но потоа повторно следеше период на „росонерите“.
Реијндерс го осигура триумфот со трет гол, а стрелци беа и Рафаел Леао и Кристијан Пулишиќ.