Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Наполи, Јувентус, Милан и Челзи, Гонзало Игуаин (34) на прес-конференција одржана во понеделникот објави дека ќе ја заврши кариерата на крајот од актуелната фудбалска сезона. Сезоната ќе заврши на крајот на тековната календарска година, со оглед на малку поинаквиот систем на натпреварување во северноамериканската МЛС, каде што игра за Интер Мајами од 2020 година. По речиси 18 години ѕвездена кариера, овој аргентински напаѓач ќе оди во заслужена фудбалска пензија.
Во својата кариера одигра преку 700 професионални натпревари и постигна повеќе од 300 голови. Вкупно оваа сезона забележа 26 настапи за Интер Мајами и постигна 14 голови. Има уште неколку натпревари до крајот на кариерата. Поточно два до крајот на регуларниот дел од сезоната во МЛС плус плеј-офот.
https://twitter.com/InterMiamiCF/status/1576972284572864513?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1576972284572864513%7Ctwgr%5E730caad8d2c6a665c56679f66ced333c716eea97%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportske.jutarnji.hr%2Fsn%2Fnogomet%2Fnogomet-medjunarodni%2Fveliki-argentinac-kroz-suze-objavio-kraj-karijere-sada-mogu-otici-onako-kako-sam-i-zelio-15256393%3Futm_source%3DLinker.hrutm_medium%3Dwidgetutm_campaign%3Drazmjena2bprometa
Беше емотивно на самата прес-конференција, а Игуаин не можеше да ги задржи солзите:
– Пред три, четири месеци им кажав на луѓето во клубот дека наскоро ќе дојде време кога ќе кажам доста е. Тоа не беше одлука преку ноќ, работам на тоа со години. Кога дојдов овде, дојдов да уживам во фудбалот. Дојдов да уживам во животот, да бидам близок со мојот брат Федерико. Тоа беше нова страница во мојот живот и една од најдобрите во мојата кариера. Во овој клуб сите ми ја вратија желбата за фудбал – изјави аргентинскиот напаѓач и додаде:
– Сега можам да се повлечам како што сакав, да играм за себе и за навивачите, за забава.
https://twitter.com/brfootball/status/1576980165883748352?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1576980165883748352%7Ctwgr%5E730caad8d2c6a665c56679f66ced333c716eea97%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportske.jutarnji.hr%2Fsn%2Fnogomet%2Fnogomet-medjunarodni%2Fveliki-argentinac-kroz-suze-objavio-kraj-karijere-sada-mogu-otici-onako-kako-sam-i-zelio-15256393%3Futm_source%3DLinker.hrutm_medium%3Dwidgetutm_campaign%3Drazmjena2bprometa
Во кариерата доби голем број индивидуални награди. Три пати беше во најдобриот тим на сезоната во Серија А, а два пати беше играч на сезоната на Јувентус. Во сезоната 2015/16 постигна 36 првенствени голови, што е сè уште валиден рекорд по бројот на постигнати голови од еден играч во една сезона. Меѓу трофеите во својата ризница има три титули во шпанскиот шампионат со Реал, титулата освојувач на Лига Европа, еден Куп на кралот во Шпанија и три купа на Италија.
За Аргентина постигна 31 гол на 75 настапи, а моментално е петти најдобар стрелец во историјата на Албиселесте. Играше на три светски фудбалски првенства, а беше учесник и во финалето во 2014 година кога Аргентина загуби од Германија.
-Кога ќе се сетам на играчите со кои играв, ме лазат морници, па дури понекогаш не ми се верува што направив. Играв со Роберто Карлос, со Роналдињо спроти мене… Имав навистина одлична кариера – изјави Игуаин.
Игуаин е еден од ретките кои играа во ист тим со бразилецот Роналдо , Кристијано Роналдо и Лео Меси.