Американскиот кошаркар Кевин Пантер изјави дека нема да има проблем да игра за репрезентацијата на Србија.
Пантер има српски пасош кој го доби за време на престојот во Црвена Звезда каде што играше една сезона пред да замине во Олимпија Милано, а потоа во Партизан.
Со оглед на тоа што во последно време многу се зборува за странец во репрезентацијата, Пантер доби едно прашање поврзано со „орлите“.
Развив посебен однос со оваа земја. Искрено, навистина ја сакам Србија, пред некое време добив пасош“, изјави Пантер за „Спортски Новости“ и се осврна на спомнувањето на странец во српскиот дрес:
„Слушнав некои шпекулации дека тоа би можело да се случи. Ако повикот навистина дојде, јас сум отворен за таа можност. Ќе бидам првиот Американец во историјата на српската репрезентација и со задоволство би одговорил“.
Да потсетиме, Пантер неодамна стана капитен на црно-белиот тим, а втората сезона во тимот на Жељко Обрадовиќ ја отвори со 13 поени против Цибона.