Стивен Џерард е новиот менаџер на Астон Вила.

Клубот од Вила Парк соопшти дека постигнале договор со поранешниот капитен на Ливерпул кој на тој начин го напушта кормилото на Ренџерс.

Тој на клупата на тимот од Бирмингем ќе го наследи Дин Смит, кој неодамна доби отказ.

Се очекува Астон Вила да мора да му плати на Ренџерс околу три милиони евра обештетување.

Џерард стигна до титулата со Ренџерс во минатогодишниот шампионат, со што ја прекина деветгодишната доминација на Селтик.

Шкотскиот великан ја заврши сезоната без пораз.

Ренџерс беше првото големо менаџерско искуство на поранешниот играч на Ливерпул кој го презеде клубот од Глазгов во мај 2018 година.

Се верува дека Џерард има желба да го преземе кормилото на Ливерпул еден ден, можеби по заминувањето на Јирген Клоп, а работата во Астон Вила секако може да го подобри неговото CV, особено ако продолжи по патот на успехот, како што беше случај во претходниот клуб.

https://twitter.com/AVFCOfficial/status/1458736283916902405?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1458736283916902405%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fpublish.twitter.com%2F%3Fquery%3Dhttps3A2F2Ftwitter.com2FAVFCOfficial2Fstatus2F1458736283916902405widget%3DTweet