Клермон приреди големо изненадување и го совлада Олимпик Марсеј на „Велодром“ со 2-0 во рамки на 25.коло во Лига 1.
Домашниот тим беше во добра форма и со евентуална победа можеше да ја намали негативата во однос на лидерот на табелата ПСЖ, кој загуби ова коло, но избраниците на Хорхе Сампаоли не се прославија пред домашните навивачи.
Мохамед Бајо погоди за 0-1 во 13.минута, а конечниот резултат го постави Жим Алевина во 84.минута.