Барселона долго се обидуваше да го скрши отпорот на Андалузијците имаше многу шанси, Феликс ја погоди и пречката во првиот дел. Во 76 минута Торес нафрли во шеснаесетникот, Јамал со глава ја спушти топката а автогол си постигна Серхио Рамос. Тој сакаше да блокира, но топката заврши во мрежата на Севилја.
Пред почетокот на дуелот, Барселона и Севилја ја вжештија атмосферата со жестока караница преку соопштенија. Раководството на Севилја одби да дојде на ручекот меѓу двата клуба, а и челниците не беа во ВИП ложата поради „случајот Негреира“.