Португалската звезда Кристијано Роналдо со гол од пенал пред крајот на натпреварот му донесе победа од 2-1 на Ал Наср на гостувањето кај Ал Тае во лигата на Саудиска Арабија.

Роналдо беше асистент на првиот гол на мечот кој го постигна Талиска во 32. минута од натпреварот.

Домаќините успеаа да израмнат во 79. минута, но во 87. минута Ал Наср доби пенал, кој Роналдо го реализира за триумф од 2-1.