Борусија Дортмунд со 3-1 славеше победа во гости кај Хофенхајм и се проби на првото место во Бундеслигата каде ќе остане барем вечерва.
„Милионерите“ рано дојдоа во водство, со гол на Фулкруг во 18. минута, но нивната предност траеше само седум минути, кога Крамариќ изедначи на 1-1.
Во судиското продолжение од првото полувреме, Марко Ројс даде гол за ново водство на Борусија Дортмунд, овојпат од 2-1.
Дортмунд преку 20 минути играше со фудбалер помалку откако Бенсебаини заработи втор жолт картон во 71. минута. Хофенхајм се обидуваше да го искористи тоа, но не успеа.
Во 95. минута Борусија Дортмунд постигна уште еден гол, стрелец беше Рирсон за конечни 3-1.
Борусија Дортмунд е на чело на табелата, но од таму веројатно ќе биде симната веќе по утрешните натпревари.