Имаше еден интересен момент поврзан со дуелот меѓу Барселона и Севиља, а во главна улога се тинејџерот Ламине Јамал и ветеранот Серхио Рамос.
Јамал кој вчера беше стартер во нападот на Барселона, во 2016 година како деветгодишно дете излезе на теренот на Камп Ноу држејќи го Серхио Рамос за рака.
Синоќа овие двајца фудбалери на стадионот Монжуик играа еден против друг. Рамос беше во стартниот состав на Севиља, а една од задачите му беше да го спречи токму Јамал.
Но една нафрлена топка Јамал ја спушти на петерецот, таа удри во ногата на Рамос и влезе во голот на Севиља што беше и решавачки гол за триумфот на Барса.