Бенфика оствари голема победа во португалската Примеира, откако со минимални 1-0 (0-0) славеше над лутиот ривал Порто.
Најголемото дерби во португалскиот фудбал започна со голем удар за гостите. Искусниот дефанзивец, Фабио Кардосо заработи директен црвен картон и Порто уште од 19. минута остана без еден играч во поле. Тоа донесе доминација на фудбалерите на Бенфика во текот на целиот натпревар, а до гол стигна дури во 68. минута, кога Анхел Ди Марија, со прекрасен гол погоди за 1-0 и голема радост на домашните фанови.
Дека искусниот Аргентинец игра во одлична форма оваа сезона зборува податокот што тој беше стрелец или асистент на седум од последните осум голови на Бенфика во домашниот шампионат.
Со оваа победа Бенфика го презеде лидерското место во Примеира и сега има два бода повеќе од Порто и Спортинг, кој гостува кај Фаренсе.