Борусија Дортмунд со 3:1 победи на гости кај Хофенхајм и се искачи на врвот на табелата со 14 бодови. Милионерите поведоа во 18 минута, домаќинот израмни во 25 минута, за да сепак во последната минута од првиот дел, Борусија стигне до предност од 2:1.

Во последните 20-тина минута од дуелот, гостите од Дортмунд останаа со играч помалку, па Хофенхајм тргна со сите сили да израмни. Сепак на крајот, наместо наместо домаќините да стигнат до 2:2, се случи трет погодок за гостите.

Во 90+5 минута Жулијан Риерсон беше одличен во дефанзивната задача и успеа да се одбрани пред мападите на домаќините. Риерсон ја освои топката и покрај ату лиијата тргна во напад. Претрча речиси 80 метри и на крајот успеа да постигне гол за победа на Борусија Дортмунд.

Овој погодок може да го видите ТУКА.