Рајо Валјекано загуби со 0-2 од Мајорка во рамки на 3.коло во Ла Лига и го доживеа првиот сезонски пораз.
Македонскиот репрезентативен голман откако по првите две кола ја зачува својата мрежа, денеска мораше два пати да ја вади топката од голот. Прво Ведат Муриќи погоди за 0-1 во 13.минута. Канг-Ин Ли ги постави конечните 0-2 во 64.минута од натпреварот.