Доверливи шпански и германски извори вчера објавија сензационална вест: „суперагентот“ Жорге Мендеш, еден од најмоќните менаџери на фудбалерите, му го понуди на Баерн својот најпознат клиент. Тоа го направи за помалку од една година откако Кристијано Роналдо (37) се врати во Манчестер Јунајтед, за кого минатата сезона постигна 24 гола на 39 натпревари.
Причините поради кои Роналдо му наредил на агентот да бара нов клуб е тоа што е огорчен од лошиот квалитет на тимот на Јунајтед, многу лоша сезона која резултираше со пласман во Лига Европа и немањето вистински засилувања ова лето. Поради сето ова, Роналдо е убеден дека Јунајтед ќе има уште една сезона во борба не за трофеи, туку за четврто место во Премиер Лигата.
Тој пак сака да игра во Лигата на шампионите и да се бори за титулите, а бидејќи е убеден дека тоа нема да му биде можно со Јунајтед во новата сезона, му порача на Мендеш да го праша Баерн дали е заинтересиран за него. Германски Скај дава детален опис на тоа како германскиот гигант реагирал на ова:
Во седиштето на Баерн во Забенер Штрасе, веднаш беше свикан состанок на првите луѓе на клубот. Сепак, тоа беше краткотрајно и немаше повеќе разговори или преговори со Мендеш. Челниците на Баерн го одбија Роналдо поради пет причини:
https://twitter.com/iMiaSanMia/status/1540458978387402758?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1540458978387402758%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fsky-ovo-je-pet-razloga-zbog-kojih-je-bayern-odbio-ronalda%2F2374761.aspx
Роналдо во Јунајтед заработува 30 милиони евра годишно.
Со таква заработка би ја урнал структурата на платите на Баерн и би се јавило незадоволство кај соиграчите.
На 37 години е премногу стар.
Баерн инсистира на играчи кои можат да играат висок притисок и сакаат постојано да трчаат, а Роналдо не може и не сака поради годините и недостатокот на волја.
Баерн не сака суперѕвезда да биде поставена над клубот, а Роналдо особено би се обидел да ја наметне својата волја и авторитет во Баерн бидејќи таму тимот го води тренерот Нагелсман, кој е три години помлад од Роналдо.