Атлетик Билбао со убедливи 4-0 славеше против Реал Сосиедад во баскиското дерби одиграно во рамки на 25.коло во Ла Лига.

Немаше голови до 68.минута, а претходно во првото полувреме Икер Муниаин не реализираше пенал за домашните. Даниел Вивиан го откри резултатот, а веќе во 72.минута беше 2-0 за Атлетик благодарение на голот на Оијан Сансет.

Ињаки Вилијамс погоди за 3-0, а точка на натпреварот стави Икер Муниаин во 89.минута.