Возбудлив натпревар се одигра во Глазгов на големото градско дерби меѓу Ренџерс и Селтик кое заврши без победник 3-3.
Дуелот имаше шокантен старт, но и исклучително возбудлив финиш.
Резултатот беше отворен по само неколку секунди игра кога Маеда реализираше за водство на Селтик од 1-0. Во 34. минута Орајли од пенал зголеми на 2-0. Гостите со таа предност отидоа на одморот.
По десет минути игра во вториот дел Таверние реализираше за Ренџерс од пенал и намали на 2-1, и домаќините се вратија во игра.
Следуваше финишот за кој уште долго ќе се прераскажува. Во 86. минута Сима погоди за изедначување на 2-2, но само две минути подоцна Идах го врати водството на Селтик на 3-2.
Тоа не беше се, во судиското продолжение Матондо даде гол за конечен резултат од 3-3.