Тимот на поранешниот холандски великан е во голема криза и го доживеа највисокиот пораз во својата историја. Ајакс со 6-0 загуби на гостувањето кај Феенорд во големото холандско дерби, ова беше најтешкиот пораз за гигантот.

Ајакс првпат во својата историја загуби официјален натпревар со шест голови разлика.

За да се сликовито прикаже овој дебакл доволно е да се каже дека Феенорд упати 30 удари кон голот на Ајакс, а тимот од Амстердам шутна само еднаш.

Паишао ја отвори и ја затвори серијата голови, два голови постигна и Минтех, а по еднаш погодија Ханчко и Тимбер.