Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 загуби на арената „Тодор Проески“ од селекцијата на Фарски Острови со 0-1. Големо разочарување од селекторот Драги Канатларовски и младите фудбалери во пресрет на главниот настан вечерва, бараж дуелот на А-селекциите на Португалија и на Македонија на „Драгао“ во Порто.
Тоа е четврти пораз за младите македонски фудбалери во овој квалификациски циклус, втор во овој мартовски циклус откако претходно загубија и од Србија (2-1) во Белград.
Стрелец на победничкиот гол за селекцијата на Фарски Острови беше Стефан Радосављевиќ од пенал, во 52.минута од натпреварот.
Standings provided by SofaScore LiveScore