Екипата на Тотенхем со тешка мака успеа да дојде до победа со пресврт (2-1) на домашен терен против Лутон. Сега лондонскиот тим се израмни со Астон Вила со 56 бода во трката за четвртата позиција која води во Лигата на шампионите.
Лутон поведе во третата минута со голот на Тахит Чонг, а Тотенхем долго не успеваше да го пробие бедемот на гостите. Во 51.минута Каборе си постигна автогол откако сакаше да расчисти пред Тимо Вернер, а победничкиот гол за Тотенхем беше дело на Хјонг – Мин Сон.
Големата победа на „петлите“ ја донесе првата ѕвезда на тимот Сонг со погодок по фантастичен контра напад во 86. минута.
Екипата на Челзи ја продолжи серијата без пораз во домашниот шампионат, но сепак, ги разочара своите фанови, затоа што и со играч повеќе не успеа да го совлада еден од најслабите тимови во лигата, Барнли (2-2).
Дуелот на „Стемфорд Бриџ“ започна со големо возбудување пред гостинскиот гол, откако Дисаси погоди за 1-0, но голот беше поништен поради игра со рака. Дваесет минути подоцна играчот на гостите Асињон заработи втор жолт картон па беше исклучен.
Кол Палмер од пенал донесе предност за Челси во 44.минута, но Џош Кулен израмни на почетокот на вториот дел.
Повторно Палмер обезбеди водство за Челси со гол во 78.минута, но Дара О’Ши се погрижи за реми на „Стемфорд бриџ“.
Возбудлив натпревар се одигра во Шефилд, каде домашниот тим на Јунајтед имаше водство од 3-1 но ремизираше против Фулам (3-3). Моментот на натпреварот се случи во самиот финиш, кога гостинскиот напаѓач Родриго Муњиз со спектакуларни „ножички“ погоди за бод за Фулам.
Капитенот Шејрус Колман е трагичарот на Евертон, откако искусниот бек во 91. минута си постигна автогол за пораз на „карамелите“ од Борнмут од 2-1.
На „Сити Граунд“ пак екипите на Нотингем Форест и Кристал Палас одиграа без победник, со по еден постигнат гол во двете мрежи.
Нотингем Форест и Кристал Палас ремизираа 1-1.