Македонскиот голгетер Бојан Миовски продолжува со одлични игри во Шкотска по репрезентативната пауза. Тој беше стрелец на гол за својот тим Абердин во триумфот од 2-1 против Рос Каунти.

Бојан Миовски погоди уште во петтата минута од мечот и донесе предност за Абердин.

Сепак, Рос Каунти успеа да израмни преку Симон Мареј во 26.минута, а победничкиот гол за Абердин беше дело на Џејми Мекграт во 79.минута од натпреварот.

Ова за Бојан беше 14 лигашки погодок, прв од 6 февруари кога ја затресе мрежата на Ренџерс.

Абердин со 33 бода се наоѓа на 9. место на табелата во најсилниот шкотски шампионат