Не само во Македонија, туку и во соседството владаее голема еуфорија поради историскиот натпревар на „Драгао“ кој носи пласман на Светското првенство во Катар.
Македонија вечерва ќе ѝ се спротистави на моќната Португалија во финалниот бараж за Мундијалот кој што се игра во ноември, а по тој повод Србин напиша песна за нашите фудбалски херои. Тој е убеден дека Македонија ќе патува во Катар, каде ќе учествува и Србија, и испрати порака до Роналдо.
„NAPRIJED MAKEDONIJO!!!
Makedonska zvone zvona
Stigosmo do Lisabona
Kome krivo,kome pravo
Utišat ćemo Dragao
Pirineji tako mali
Pod sjene su Šare pali
Prvak Europe isto pao
Past će i ,,selesao,,
Lisabonom pjesma odjekuje
Ubavo devojče po svuda se čuje
Kristiano ti večeras nemoj biti ljut
Ići ćeš na svjetsko…ali drugi put
Pavo Garić“
За потсетување, Португалија до бараж за СП стигна откако во квалификациите во последното коло ја загуби лидерската позиција, со поразот токму од Србија среде Лисабон.