Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси, еден од најдобрите играчи на сите времиња, вечерва од 20 часот со Аргентина ќе брка четвртфинале на Светското првенство во Катар против Австралија на неверојатно јубилеен меч – илјадитити во кариерата.

Меси го игра својот петти Мундијал во кариерата, веќе се запиша во историјата како прв со пет асистенции на пет различни Светски првенства, го надмина Диего Марадона по број на настапи за Аргентина на најголемиот турнир, а вечерва ќе има јубилеен меч кој секако ќе сака да заврши триумфално и да продолжи битката за единствениот трофеј кој му недостига во кариерата.

Меси за Аргентина има 169 меча, за Барселона има 778 меча, а откако ланското лето замина во ПСЖ досега одигра 53 меча за „светците“. Инаку во овие досегашни 999 меча, Меси даде 788 гола и запиша 348 асистенции во кариерата.