Екипата на Тотенхем се зацврсти на врвот на табелата во Премиер – лигата откако го победи Кристал Палас на гости со 1-2. Сега лондонскиот тим има пет бода повеќе од Манчестер Сити и од Арсенал.
Џек Медисон беше најзаслужен за водечкиот гол на Тотенхем, откако упати силен шут, Ворд си постигна автогол во 53.минута. По ова домаќинот тргна поофанзивно, а тоа го искористи Тотенхем за втор гол што го постигна кореанецот Хјонг – Мин Сон.
Во 94.минута, Ајув намали, но Кристал Палас не успеа да стигне до реми иако натпреварот со судиското продолжение траеше повеќе од 102 минути.