Според истражувањето, слабите настапи на „црвените ѓаволи“ во изминатава година, особено фактот дека не изборија место во Лига на шампиони, пет години без сериозен трофеј, а од друга страна спектакуларната сезона на „кралевите“ во ЛШ и трилер победите со ПСЖ, Челси и Манчестер сити сега го вивнале мадридскиот великан како најобожуван клуб во светот.
Реал Мадрид е најпребаруван на Гугл и најпосакуван клуб во дури 53 земји од светот, Манчестер јунајтед сега е втор во 50 земји, следат Барселона (23), ПСЖ (21), Челси (10), Ливерпул (6), Баерн Минхен и Јувентус (4), Арсенал (3)… Само еден нефудбалски клуб се најде во топ десет, финалистот во НБА, Голден Стејт Вориорс.