Причина за откажувањето е притисокот што властите го направиле врз федерацијата, поради затегнатите односи веќе две години откако во Иран се урна авион со 176 луѓе од кои 85 беа државјани на Канада, на летот од Техеран кон Киев и тоа поради грешка на вооружените сили на Иран кои го срушиле авионот наводно мислејќи дека станува збор за непријателско летало.
Иран сега најави тужба за Канада и ќе бара отштета од 10 милиони долари за откажаниот пријателски меч. Иранското министерство за спорт ја осуди одлуката на Канада, потенцирајќи дека политиката не смее да се меша во спортот, а ова е само уште еден доказ дека таа го контролира спортот во западниот свет.
Иран и Канада ќе играат на претстојното Светско првенство во Катар кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември годинава.