И сега Мбапе, според последните информации, откако од ПСЖ освен многу пари добил одврзани раце да „глуми“ и спортски директор и менаџер, се обидува да им зададе нов болен удар на мадриѓаните, а тоа е да им го урне веќе најавениот трансфер на големиот француски талент Орелиан Чуамени од Монако.
Чуамени веќе на соиграчите им најавил дека планира да оди во Реал, каде лани дојде најталентираниот Едуардо Камавинга, а Монако бара 80 милиони евра. Парите за ПСЖ за трансфер не се проблем, како што не беа да му дадат цело богатство на Мбапе за да остане. Проблем е што Чуамени сака да игра во Реал, па сега „менаџерски“, Мбапе стапил на сцена да го разубеди.
Последните информации од Франција се дека трансферот на Чуамени е на „стенд бај“, зашто Мбапе сега го разубедува младиот фудбалер за врска дека подобра опција му е да дојде во Париз. Плус, Луис Кампос, спортскиот директор на Монако треба да дојде на истата позиција во ПСЖ, па на „светците“ тој им е дополнителен адут за Чуамени.
Инаку, одвен Реал Мадрид и ПСЖ кои се во постојан контакт со менаџерите на младиот фудбалер, сериозен интерес и контакти има и од Ливерпул.