По киксот во првото коло, „нераѕурите“ немаа проблем против аутсајдерот и по само пет минути го скршија отпорот на противникот.
Резултатот го отвори Дармијан на асистенција на Тареми.
Турчинот Чалханоглу од пенал во 69. минута стави точка на победата.
https://twitter.com/i/status/1827439780319391876

Впечаток е дека шампионот уште не е влезен во посакуваната форма, но игра колку што му треба бидејќи и покрај тоа што имаше 70% посед на топка, упати само пет шута во рамките на голот на Лече.

Гостинска победа оствари тимот на Џенова кај Монца од 0-1. Со голот на Андреа Пинамонти во седмата дополнителна минута во првото полувреме „грифоните“ успеаја да слават на гостувањето во предградието на Милано.