Српскиот тандем му донесе уште една победа на Ал Хилал во саудиското првенство.
Саудискиот првак Ал-Хилал не ја испушти приликата со победа да ја започне одбраната на титулата. Совладан е Ал-Ахдуд со 3-0, со два гола на Србинот Александар Митровиќ и еден на неговиот сонародник Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Сите три гола паднаа во првото полувреме, разликата во квалитет се виде, па Ал-Хилал подзастана во вториот дел и како да не сакаше да го дотолчи ривалот, туку се задоволи со победа од три гола разлика.
Со двата гола, Митровиќ му фрли ракавица на Кристијано Роналдо и очигледно дека и оваа сезона тие двајца ќе водат трка за прв стрелец во саудиската лига.