Екипите на Реал Мадрид и на Ливерпул добија по речиси 20.000 влезници за своите навивачи во пресрет на утрешното големо финале од Лигата на шампионите (ЛШ) во Париз, но до денеска е најавено присуство на тројно повеќе англиски фанови, кои без разлика на тоа дали имаат билет, сепак, ќе пристигнат во француската престолнина.
Тоа значи дека во улиците на Париз ќе дефилираат околу 60.000 расположени фанови на „црвените“ од „Енфилд“, додека се очекува двојно помалку навивачи на шпанскиот гигант. Препораката е фановите на двата тима да се движат во различни делови од градот, со цел да не дојде до меѓусебен контакт.
Французите истовремено најавија дека за безбедноста ќе се грижат 7.000 полицајци.