Синоќа во Ротердам избија инциденти откако Феенорд загуби во финалето на Конференциската лига од Тирана со 0-1 во Тирана. Натпреварот на стадионот „Де Куип“ го следеа бројни навивачи, а полицијата соопшти дека во Ротердам уапсила 72 лица.
Полицијата соопшти дека е уништен јавен имот во различни делови на Ротердам, а агенцијата АНП пишува дека навивачите на Феенорд фрлале петарди и факели низ градот, а врз полицајците фрлале и камења, чаши и стаклени шишиња.
Две лица од бразата помош се полесно повредени, а оштетени се автобус и трамвај. Полицијата била принудена да употреби и водени топови за да ги избрка навивачките групи кои правеле неред.
Во Тирана, откако ноќта пред натпреварот избувнаа нереди меѓу полицијата и навивачките групи, вечерта по натпреварот беше главно мирно.