УЕФА посакува ЛШ а посебно финалето на најсилното клупско натпреварување да го „американизира“, односно најважниот меч во клупскиот фудбал да го направи да наликува на Супербол.
Имено УЕФА подготвува невиден спектакл за финалниот дуел меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, кој е закажан за 28 мај на “Стад де Франс“ во Париз.
Имено пред самиот меч свој настап ќе има познатата пејачка Камила Кабељо. Нејзиниот настап ќе биде спонзориран од страна на Пепси, а истата фирма го спонзорира и шоуто кое се приредува на Суперболот.
Ова е потенцијален знак дека УЕФА сака од ЛШ да направи нешто што наликува на најпопуларниот спорт во САД, и тоа да има фајналфор и недела на фудбалот.
Ф4 би се играл во еден град, а Александер Чеферин потврди дека во блиска иднина веројатно тоа ќе се случи.