Фудбалерите на Арсенал имаа одличен почеток на натпреварот против Вест хем и постигнаа два гола преку Габриел Жесус и Мартин Одегард.
Радоста на гостите не траеше долго затоа што Бенрама од пенал во 33. минута намали на 1-2, по што следеа уште неколку шанси на двете страни, но мрежите мируваа.
Сака промаши удар од белата точка за Арсенал во вториот дел, по што набргу пристигна казната преку Боуен кој израмни на 2-2, по што вистинска драма се случуваше во завршницата кога „чеканите“ имаа шанси и за победа, но резултатот сепак не се менуваше до крајот.
Арсенал е прв со 74 бодови по 31 одиграно коло, по што следи Манчестер сити со четири бодови помалку, но допрва „граѓаните“ ќе треба да го одиграат својот меч од 31. коло.