Реал Мадрид го победи Кадиз на гости со 0-2 и сега има десет бода негатива во однос на лидерот Барселона. „Кралевите“ се мачеа 70 минути, но потоа Начо Фернандез успеа да ја затресе мрежата на домаќинот.
Во 76.минута погоди и Марко Асенсио и го осигура триумфот за тимот на Карло Анчелоти.
„Кралевите“ со нешто изменет состав и без повредените Винисиус јуниор и Крос одиграа колку што беше потребно да се дојде до трите бода, без притоа да се загуби премногу сила пред реванш дуелот од ЛШ на гости против Челси, во кој ќе влезат со два гола предност.