Сега веќе за Малески се распрашуваат и менаџерите, а во Струга ТЛ сите се смешкаат, знаат што имаат во своите редови. Голем талент кој и тоа како допрва ќе ги искажува своите квалитети.
Како награда за сите фантастични игри за Струга ТЛ, дојде и повикот од страна на селекторот до 21.година Драган Канатларовски за пријателските мечеви со Кипар и Србија.
„Секако дека се израдував на повикот, иако ова не е деби повик за мене. Играв за младата селекција на Македонија и на пријателската со Косово. Јасно е дека чест и задоволство е да добиеш повик од репрезентацијата на својата земја и да играш за Македонија. Горд сум, тука нема дилеми. Од друга страна тоа е и голема одговорност за мене да продолжам со уште подобри игри во иднина. Му благодарам на довербата на селекторот Канатларовски и ветувам дека се ќе дадам од себе да ја оправдам таа доверба“.
Утре Струга Трим Лум, на свој терен од 13 часот, ја дочекува Шкендија, во многу значаен меч, кој би можел да решава и за тоа кој ќе биде есенски првак. Имено ако Струга ТЛ успее да победи тогаш ќе ја зголеми предноста во однос на тетовци на +6 бодови и веројатно полусезоната ќе ја заврши на прво место.
„ Секако дека одиме на победа како и на секој натпревар. Јасно е дека ја респектираме Шкендија, , но ние сме лидери. Очекувам супер интересен меч, надигрување, голови. Ова ќе биде големо дерби, очекувам наша победа. Само да одиграме мудро и паметно, во целост да ги спроведеме тактичките замисли на нашиот стручен штаб“ изјави младиот напаѓач.
Со победата над Брегалница од 2:0, во меч од 1/4 финалето во Купот на Македонија, Струга Трим Лум по третпат во својата историја се најде во полуфиналето во ова натпреварување.
„. Ни требаше оваа победа токму пред супер – дербито со Шкендија, но сега очекуваме конечно и да заиграме во големото финале, и да го донесеме пехарот во Струга. Јас како стружанец секако дека ќе бидам горд на тоа. Но, рано е за тоа, сега нашите мисли се кон утрешниот дуел со Шкендија, сега тоа ни е е приоритет“ завршува Малески.