Германскиот фудбалски репрезентативец Антонио Рудигер и официјално потпиша договор со Реал, соопшти мадридскиот клуб.
Рудигер (29) претходно беше на лекарски прегледи во Мадрид, а потоа потпиша четиригодишен договор со европскиот шампион во присуство на првиот човек на Реал, Флорентино Перез.
Тој во мадридскиот клуб пристигна без обештетување, откако му истече договорот со Челзи.
Германскиот фудбалер на почетокот на јуни договори соработка со Реал, а денеска беше претставен пред навивачите на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Рудигер во Реал ќе го носи дресот со број 22.
Германскиот фудбалер пред Челзи настапуваше за Рома и Штутгарт.
Рудигер со Челзи ги освои ФА Купот, Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
За германската репрезентација одигра 53 натпревари и постигна два гола.