Кеси во понеделникот се договорил за соработка со каталонскиот гигант и заедно со Андреас Кристенсен од Челси ќе стане второ големо засилување за Барселона ова лето.
Првите информации кои беа објавени во јавност се дека Кеси добил поголема плата, отколку што му беше понудена во Милан, па ќе заработува 6,5 милиони евра годишно.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска сезонава нема премногу голема улога во Милано, како што беше во претходните години.