Несекојдневна ситуација имаше на натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу ПАОК и Борац Бања Лука, каде настапува нашиот голман Дамјан Шишковски.
Штефан Шваб од Паок се залета многу силно и не можеше да го запре својот налет, па со рацете ја изби топката на својот голман, по што судијата мораше да покаже на белата точка. Борац доби пенал во 22. минута, а прецизен реализатор беше екс-фудбалерот на Работнички и Брегалница, Себастијан Херера.
ПАОК и Борац Бања Лука играат одличен квалификациски меч во рамките на Лигата на шампионите.