Екипата на нашиот голман Шишковски, Борац Бања Лука доживеа пораз од 2-3 во првиот меч од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, од грчки ПАОК.
Особено возбудливо беше првото полувреме во кое беа постигнати четири од петте гола, а на пауза се замина со 2-2. За ПАОК, двата гола ги постигна Кулиеракис, додека за Борац погоди Колумбиецот со македонски пасош Ерера од пенал и Кулашин.
ПАОК повторно рано поведе во вториот дел, Нигериецот Трост-Еконг ги врати Грците во водство, а воедно ги постави и конечните 3-2 уште во 51. минута од мечот. Бањалучани се враќаат дома со еден гол негатива и реални шанси за прогрес во следното коло.
Лудогорец забележа сигурна и рутинска победа над Динамо Минск и славеше со конечни 2-0 (2-0). Бугарскиот шампион го порази белорускиот претставник, кој немаше ниту еден негативен резултат од мај годинава.