Ноќеска во САД се одиграа два натпревари на европски клубови, Челси одигра 2-2 против Врексам, а Арсенал на пенали ја доби премиерлигашката битка против Борнмут, натпреварот во регуларниот тек заврши 1-1.
Челси имаше водство со гол на Нкунку од 35. минута, но работите се променија во вториот дел кога Мареска го промени речиси целиот тим.
Врексам со гол на Болтон најпрво изедначи на 1-1, а десетина минути подоцна Мериот реализираше за комплетен пресврт.
Во 82. минута Угочукву даде гол за конечни 2-2.
За разлика од дуелот меѓу Челси и Врексам, на дуелот Арсенал и Борнмут беше договорено да има пенали доколку заврши нерешено, тоа и се случи.
Арсенал дојде до водство со погодок на Виеира, изедначи Самењо во вториот дел.
Головите од пенал за Арсенал ги дадоа Одегард, Зинченко, Жоржињо, Габриел Жесус и Кивиор.