Велшанецот Герет Бејл на крајот од оваа сезона го напушта Реал Мадрид со кој нема да потпише нов договор, а испрати писмо со кое се збогува со клубот и навивачите .
По девет години минати во Реал Мадрид, од кои последните три беше во втор план , Герет Бејл го напушта мадридскиот клуб. Договорот на Бејл истекува ова лето и нема да биде продолжен.
Некогаш еден од најдобрите фудбалери во светот, тоа го потврди и самиот со писмо во кое се збогува со навивачите на Реал Мадрид и од самиот клуб.
„Дојдов овде пред девет години како млад човек кој сакаше да го оствари својот сон да игра за Реал Мадрид. Го носев славниот бел дрес ,славниот грб на клубот , играв на Сантијаго Бернабе , освојував титули и бев дел од освојувањето на Лигата на шампионите.
Сега можам да погледнам зад себе и искрено да кажам дека овој сон стана реалност и многу, многу повеќе“, напиша меѓу другото Велшанецот.
Следната станица во кариерата на Бејл не е позната, но 32-годишниот фудбалер сигурно има уште многу да понуди. Во последните три години тој собра само 21 првенствен настап за Реал, а играше и како позајмен во Тотенхем, каде беше многу добар со 11 гола на 20 настапи во сезоната 2020/21.
Во Реал пристигна во 2013 година во тогаш најскапиот трансфер во светот од Тотенхем, а во Реал освои три првенствени титули, еден Куп и Суперкуп и пет трофеи во Лигата на шампиони.
Покрај Бејл, потврдено е дека Реал ги напушта Иско и Марсело, а на излезната врата е и Дани Себаљос.