Фудбалскиот сојуз на Норвешка покрена истрага против голманот на Викинг, Патрик Гунарсон.
Тој е обвинет за намалување на голот пред секој натпревар на домашен терен, пренесуваат норвешките медиуми.
Норвешкиот весник „Афтенпостен“ откри дека голманот на Викинзите пред секој натпревар на домашен терен го намалувал голот за 15 до 20 сантиметри.
„Гунарсон, откако помошниот судија ги прегледувал голот и мрежата, ги поместувал стативите навнатре. Затоа неговиот гол секогаш беше малку потесен од голот на противничкиот клуб“, пишуваат норвешките медиуми.
Локалните медиуми објавија неколку видеа на кои се гледа како голманот на Викинг ги мести стативите на голот.
Викинг моментално е трет на табелата во норвешкиот шампионат со 21 бод. Овој клуб на домашен терен прими само два гола.