Интер со пресврт го победи Лацио со 3-1, но Наполи не успеа да ја совлада Салернитана и да го завери Скудетото.
Возбудувањата почнаа од 27. минута кога му беше поништен гол на Мхитарјан, а само три минути подоцна Лацио поведе со погодок на Фелипе Андерсон.
Израмнувањето конечно стигна во 78. минута кога по асистенција од Лукаку, Лаутаро Мартинез погоди за 1-1.
Само пет минути подоцна нова асистенција на Лукаку, овојпат за Госенс кој се повреди, но даде гол за комплетен пресврт и водство од 2-1.
Конечните 3-1 ги постави Лаутаро Мартинез со својот втор гол на натпреварот, овојпат постигнат во 90. минута.
Оваа победа беше важна за Интер кој сега има ист број на бодови со Милан и Рома, но и подобра гол разлика од нив, па се искачи на четвртото место во Серија А.