Валенсија загуби важен натпревар во борбата за опстанок против еден од директните ривали, доживеа пораз кај Кадиз со 2-1.

Резултатот беше отворен во 39. минута кога Ескаланте погоди за водство од 1-0 за Кадиз, а само неколку секунди откако почна вториот дел, Гвардиола зголеми на 2-0.

Валенсија успеа брзо да се врати, Лино погоди во 51. минута и намали на 2-1. Имаа доволно време да израмнат, но тој резултат остана како конечен.

Доколку Хетафе победи на гостувањето кај Еспањол, Валенсија ќе падне во зоната за испаѓање.