Манчестер Сити со 2-1 победи на гостувањето кај Фулам и го престигна Арсенал на табелата во Премиерлигата, додека Манчестер јунајтед со 1-0 ја совлада Астон Вила.
Резултатот го отвори Халанд уште во третата минута од натпреварот со гол од пенал. Тоа беше негов 50-ти гол во сите натпреварувања за Норвежанецот во дресот на Манчестер Сити.
Фулам го изедначи резултатот во 15. минута од натпреварот со погодок на Карлос Винисиус, а Алварез со прекрасен погодок во 36. минута ја врати предноста на Сити. 1-2 што беше и конечниот резултат.
Манчестер јунајтед со гол на Бруно Фернандеш во 39. минута дојде до победа од 1-0 над Астон Вила.
Њукасл со пресврт дојде до победа од 3-1 против Саутемптон. Вилсон постигна два гола за домашните, а еден беше автогол на Волкот.
Најубедлив денеска беше Борнмут кој со 4-1 беше подобар од Лидс.